Трендот на исплатена просечна нето-плата е во надолна линија. Во август 2024 таа изнесувала 41 097 денари, и иако е повисока за 136 денари од јулската, сепак е пониска од просечните нето-плати во јуни и мај, покажуваат податоците од државниот завод за статистика. Со 668 евра просечна плата, Македонија е на дното на листата на земјите од Западен Балкан но и во Европа. Споредбено со регионот, работниците во Црна Гора добиваат 861 евра просечна плата, во Србија таа изнесува 836 евра а во Босна и Херцеговина 710 евра.
РАНГ ЛИСТА НА ПЛАТА Црна Гора 861 евро, Србија 836 евра, Босна и Херцеговина 710 евра, Хрватска 1.324 евра и во Словенија 1.495 евра.
Во последните 10 години, просечната плата во Македонија пораснала за околу 94%, но тоа воглавно е резултат на административни мерки, а не потикнато од раст на економијата, бележат економистите. Ниската продуктивност, одливот на работници во странство и високата стапка на невработеност продолжуваат да го ограничуваат реалниот економски раст. За одржлив раст на платите мора да се зголемат продуктивноста и инвестициите во индустрии со повисока додадена вредност, советуваат експертите.
Од СДСМ обвинуваат за неуспешна економска политика на актуелната власт, тврдат дека просечната плата се намалила за 1 000 денари во последните 100 дена. Лидерот на партијата пак, Венко Филипче предложи измени и дополнувања на Законот за минимална плата, за таа да порасне до 27 700 денари или 450 евра.
Извор:24.мк









