Цените на основните прехранбени производи, односно на производите опфатени со владината Одлука, се намалени кај повеќето трговци, но затекнати се и трговци кои во моментот на надзорот вршеле нивелација на цените, додека други не ги намалиле цените и не ставиле ознаки пропишани во Одлуката, соопштија од Државниот пазарен инспекторат
Есенската кошница ќе заврши, а некои трговци немаат абер да ги сменат цените, може да се прочита меѓу редовите од Извештајот по најновите контроли на пазарните инспектори. Во него, меѓудругото се констатира дека цените на основните прехранбени производи, односно на производите опфатени со владината Одлука, се намалени кај повеќето трговци, но затекнати се и трговци кои во моментот на надзорот вршеле нивелација на цените, додека други не ги намалиле цените и не ставиле ознаки пропишани во Одлуката! Издадени се 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4 милиони денари, а казнети се големи и средни трговци, односно маркети во Скопје (Aрaчиново и Чаир), Битола, Струмица, Валандово, Охрид, Куманово, Гостивар, Струга…
Повеќе на:slobodenpecat.mk










