Што ќе и донесе шефицата на ЕК на Македонија?

by Administrator

Што ќе значи доаѓањето на претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен? Дали има надеж за европскиот пат на Македонија и деблокада на евроинтеграциите? Ова се прашањата кои се се поактуелни, додека уставните измени, кои се услов за продолжување на Македонија по патот кон ЕУ, не се усвојат.

Претседателката на Европската комисија во среда ќе допатува во Тирана и таму ќе се сретне со премиерот на Албанија Еди Рама. Другиот ден доаѓа во Македонија. На агендата и е и посета на Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Црна Гора.

slobodernpecat.mk

You may also like