Укинат балансерот, ќе се балансира со Закон. Неизбалансирани насилства меѓу младите и дисбаланс меѓу правото на чист воздух и обврските на државата за превземање мерки. Њузлетер 11.10.2024

Нема веќе „балансер“, ќе има правична застапеност

Балансирање е урамнотежување на силите со додавање или одземање за да се постигне рамнотежа. Се балансираат и пневматици на автомобили, па и „резервните“ е потребно да се балансирани, а баланс е потребен и за одење по жица.
Балансерот, беше и алатка во државата, која се користеше при вработувањето во јавната администрација со цел да има соодветна и правична застапеност на етничките заедници, функционираше, но, со тек на времето се претвори и во средство за манипулации при вработувањата. Уставниот суд неделава го укина.

Повеќе на РСЕ