Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во
Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на заштитата на правата на малцинствата во Бугарија.
„Со оглед на тоа што Бугарија има сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, истите напори не можат да се забележат во земјата. Генерално, постои забележителен недостаток на свест за малцинските права како составен дел на човековите права“, се наведува во извештајот.
Не се спроведуваат препораките
Во него се критикува дека не се направени напори за спроведување на голем број долгогодишни препораки во врска со ваквите прашања како принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на малцинските права, вклучително и јазичните права, како и потребата да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија, како и општествена интеграција.
„Лицата кои се идентификуваат како Македонци продолжуваат да бараат заштита според Рамковната конвенција, но властите не признаваат постоење на објективни критериуми, што им отежнува остварување на индивидуалните права. Нивните обиди за регистрација на здруженија не успеаја. Исто така, Помаците изразија желба за заштита, но властите не ги признаваат нивните самоидентификациони критериуми“, се наведува во извештајот.
Во документот се упатуваат препораки до бугарските власти да ги усогласат своите активности со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Притоа се нотира дека се потребни повеќе активности од властите во голем број сфери поврзани со правата на потребни се лица кои припаѓаат на националните малцинства.
Повеќе на:dw.de










