Исламската верска заедница во Македонија е зачудена и загрижена по најавите дека Албанија да му додели територијален суверенитет на редот Бекташи, суфиска шиитска исламска заедница. Ваквата можност ја најави неодамна албанскиот премиер Еди Рама кој рече дека ќе ги трансформира бекташките муслимани со седиште во Тирана, во суверена држава за промовирање умереност, толеранција и мирен соживот. Од Бектешката заедница во Македонија, со седиште во Тетово, засега не ги коментираат иницијативите коишто доаѓаат од Тирана.

Суверенитет како на Ватикан

Според најавите, редот на Бекташи ќе добие суверенитет идентичен со оној на Ватикан, управувајќи ги верските и административните прашања независно од Албанија. Државјанство ќе им биде обезбедено само на врвните верски членови и на оние поединци вклучени во управувањето со државата, додека раководството ќе биде од поглаварот на бекташите, Баба Монди, и советот што ќе го следи неговото верско и административно работење.

Но, генералниот секретар на ИВЗ, Ирсал Јакупи за ДВ вели дека ваквите иницијативи за воспоставување на „Суверенитетот на Бекташкиот ред“ во Тирана можат да бидат опасен преседан за иднината на секоја земја.

Повеќе на:dw.de