Засега, повисоки плати за јавниот сектор нема, а тешко и дека некој ќе ги враќа зголемените плати на вработените во УЈП за време на изборниот процес. Почетокот на школската година потсетник и дека се намалува бројот на основци и средношколци низ државата. Њузлетер 06.09.2024

Поголеми плати, засега, нема

Од септември ќе има усогласување на платите на вработените во јавниот сектор според општиот колективен договор, но тоа не значи покачување на платите, велат синдикатите кои реагираат дека сумата од усогласувањето е толку мала, што според нив е срамно да се нарече зголемување.
Ова усогласување е предвидено да биде 0,75 проценти од моменталната просечна плата во Македонија која изнесува 41.939 денари. Тоа значи дека работниците од следниот месец треба да добијат повисоки плати за 200 до 300 денари.

РСЕ