Партијата „Левица“ бара одговорност од спикерот Африм Гаши поради неколку инциденти за неполни два месеци. 61 пратеник треба да гласаат „за“ Гаши да си оди од функцијата, што е далеку од веројатно. За да помине интерпелација, треба да имате зад себе посериозно граѓанско движење, инаку е осудена на пропаст, вели аналитичарот Петар Арсовски.
Ниту партиите ниту политичките аналитичари очекуваат да „помине“ интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши, за која ќе се гласа на денешната собраниска седница на предлог на опозициската „Левица“.
Интерпелацијата од „Левица“ е поради трите случаи во кои беше замешан Гаши во неполни два месеци. Тоа се исламската молитва во Собранието за жртвите од Сребреница, инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи во кој беше вмешано обезбедувањето на Гаши и свадбата во Косово на која тој отиде со службено возило, придружуван од други возила без да поминат гранична контрола.
Повеќе на РСЕ










