Полицајци незаконски вработени, па инспектори, па осомничени криминалци. Истражни органи речиси секојдневни гости во Државна лотарија. Фалсификувана или вистинска историја, ќе утврдува нов состав на македонско – бугарската комисија. Њузлетер 30.08.2024

Незаконски вработен во полиција, станал инспектор, па фатен со фалсификувани евра

Полицискиот инспектор кој беше фатен како шверцувал лажни монети во Косово незаконски бил вработен во македонската полиција, дознава Радио Слободна Европа од два независни извори. Тој не ги поминал основните безбедносни проверки на Агенцијата за национална безбедност.
34 годишниот ресенчанец е во притвор во Косово поради сомневање за фалсификување на околу 2 милиони монети од по 2 евра, кои требало да бидат пуштени во оптек во Косово. Македонскиот полицаец работел како инспектор без при тоа да поседува безбедносен сертификат.
Од македонското Министерство за внатрешни работи велат дека Одделот за внатрешна контрола отворила предмет за неговото вработување.
„Во тек се проверки по наводи во поднесеното барање и други наводи од надлежност на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, се вели во кусиот одговор од МВР за Радио Слободна Европа.

РСЕ