И покрај тоа што помалите партнери во Владата, ЗНАМ и коалицијата „Вреди“ на дневна основа разменуваат невообичаени пораки за партии – партнери во власта, Мицкоски изјави дека коалицијата функционира беспрeкорно. Аналитичарите велат дека коалициските партнери ги обединува расположението против ДУИ
Утре навршуваат само два месеци откако беше избрана новата влада на премиерот Христијан Мицкоски, на 23 јуни 2024, а два од трите коалициски партнери досега успеаја повеќе пати јавно да ги спротивстават ставовите за теми што би требало да бидат усогласени со заедничката програма за работа на Владата.
Такви се употребата на албанското знаме во кабинетите, идејата за формирање Албанска академија на науките и уметностите, како ќе се пресметува т.н „балансер“ за правична застапеност на заедниците во институциите, присуството на собранискиот спикер Африм Гаши на свадба во Косово со службено возило, за да ескалира со обвинувања за тој кој каква политика води и дали се однесува како ДУИ кога беше во власта.
Повеќе на:rse










