Гори во националните паркови, гори околу новиот закон за урбанизам, гореше за „Рамковниот“, му гори и на Скопје, гори во Курск и Газа, гориме и од температурите… Њузлетер, 16 август 2024

Нов урбанистички закон за „штанцање“ градежни дозволи

Измените на Законот за урбанистичко планирање ќе овозможат носење на стари ДУП-ви кои ќе предизвикаат хаос во градовите, уништување на јавниот простор и зголемен бројот на автомобили со изградба на катни гаражи, реагираат граѓанските организации. Велат, „вака се дополнува урбаниот хаос и се овозможува ‘штанцање’ градежни дозволи.

Критиките доаѓаат откако Собранието на 13 август по скратена постапка и без да земе збор ниту еден пратеник, ги изгласа измените на Законот за урбанистичко планирање предложени од Министерството за транспорт и врски.

Повеќе на РСЕ