Многу ветувања за дигитализација, но Македонија е на претпоследно место во Европа според дигитализација на јавните услуги. Граѓаните се уште чекаат ред на шалтери, се троши хартија, а институциите се уште не се дигитално поврзани во еден систем и нудат мал број на електронски услуги
За извод од матичната книга на родените или венчаните, уверение за брак или новороденче може да се аплицира онлајн, но едната опција е документот да го подигнете на шалтер или да ви стигне за неколку дена преку пошта.
Како и во другите институции, за овие услуги се вклучени луѓе, се користи хартија и се чека на шалтерите каде со години скоро постојано има редици, наместо да ги добиваме по електронски пат. За пасоши и лини карти само може да се закаже термин за сликање, а сето друго се прави на хартија и со физичка присутност во институциите.
Олеснувањето на овие процедури можеше да се случи доколку властите досега ја спроведоа дигитализацијата за која постојано ветуваат.
На пример ако Пензискиот фонд (ФПИОМ) се дигитализира, граѓаните од дома електронски ќе можат да поднесат барање за пензија, да добијат решение за пензија и целиот процес да го следат онлајн.
Извор:rse








