Северна Македонија за пет години изгубила речиси 170 илјади работници. Само во првите три месеци од 2024 година работоспособното население е намалено за 2.738 лица, а претпоставките се дека тој тренд продолжил па дури и се забрзал во пресрет на летото, кога голем број македонски граѓани заминаа на сезонска работа во соседните земји и во Европа.

„Загрижувачко е што анкетите кај младите деца – средношколците и студентите покажуваат катастрофални бројки – речиси секое трето дете сака да замине од земјата“, вели за ДВ претседателот на Собранието на Организација на работодавачи, Ангел Димитров.

Минатогодишните проценки беа дека на земјата ѝ недостигаат околу 10.000 работници годишно, а најпогодени се градежништвото и туризмот.

Повеќе на:dw.de