Мицкоски и Мицотакис на исто место во исто време

by Administrator

Ќе се видат, дали ќе разговараат и какви пораки ќе разменат? Ова се прашањата во грчката и македонската јавност во пресрет на Самитот на НАТО што ќе се одржи од 9-ти до 11-ти јули во Вашингтон, на кој ќе се одбележи големиот јубилеј – 75 години од формирањето на Алијансата.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакисденеска заминува за Вашингтон, а тамошните медиуми наведуваат дека Грција спаѓа во „тврдото јадро“ на членки кои придонесуваат со најмалку 2% од БДП за трошоците за одбрана. Според „Прототема“, ова издвојување на Мицотакис му дава привилегирана позиција на масата за дискусија. Медиумот потсетува и дека Мицотакис заедно со неговиот полски колега, Доналд Туск, поднел предлог за европски штит за противвоздушна одбрана кој ќе се финансира со европски фондови и ќе функционира покрај НАТО, односно дека преземал иницијативи за стратешка независност на Европа.

И Северна Македонија е меѓу земјите членки на НАТО кои од годинава го исполнуваат критериумот на НАТО за одвојување на 2% од БДП за одбрана. Но, во Атина повеќе внимание привлекува фактот што јубилејот на НАТО ќе биде можност за прво присуство на исто место и во исто време на Мицотакис и новиот македонски премиер Христијан Мицкоски. Двајцата лидери ќе присутвуваат на Самитот и на вечерата што ќе ја приреди американскиот претседател Џо Бајден за лидерите на членките на Алијансата.

Според грчки медиуми, по „маневрите” на претседателката и премиерот на РСМ за заобиколување на името Република Северна Македонија со опсег на употребата ерга омнес (и дома и надвор), неизвесно е дали Мицотакис и Мицкоски ќе се ракуваат.

Повеќе на:dw.de

You may also like