Без закони за мерит систем за вработувања во јавниот сектор, тешко до професионален кадар, но и до транспарентен избор на директори во институциите и агенциите, предупредуваат дел од експертите. Постојните закони не спречуваат именување професионални кадри, но треба политичка волја
Иако новата власт најавува вработувања во јавната администрација врз основа на ефикасност, квалитет, образование и искуство, очекувањата на дел експерти и невладини организации се дека и сега работните позиции во јавниот сектор ќе бидат пополнети со „партиски војници“.
Според нив, партискиот клуч ќе биде применуван особено при именувањата на директори, заменици директори и секретари, како што се случуваше и во изминативе три децении.
Партиите иако постојано велат дека поддржуваат професионализација на јавниот сектор, со години не го донесоа Законот за висока раководна служба кој предлага избор на стручен кадар во агенциите и институциите низ транспарентни постапки, иако за него неколку пати беа организирани јавни дебати во Собранието.
Законот го најавуваше минатата власт на СДСМ заедно со пакет од неколку други закони за реформа во јавниот сектор, коишто не беа изгласани во претходниот парламентарен состав.
Повеќе на РСЕ









