Ветерна фарма во источниот дел од земјата помеѓу трите општини Карбинци, Штип и Радовиш, ќе биде новата странска инвестиција чија промоција за денеска ја најави премиерот Христијан Мицкоски. На вториот ден од мандатот на новата влада, на која еден од приоритетите е и енергетска ефикасност, ќе се промовира инвестиција што според првичните најави ќе обезбеди приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјата.
Вчерашната најава за новата инвестиција не е изненадувачка, бидејќи премиерот ја навести во периодот кога го доби мандатот за состав на владата, на учеството на седмиот Македонскиот енергетски форум.
„Ќе биде голема инвестиција и според податоците со кои располагам, се предвидува производство на електрична енергија од приближно еден терават час, што е еден милион мегават часови, што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава“, најави тогаш Мицкоски.
Повеќе на:dw.de









