Македонија трпи неверојатни загуби на вода, кои во некои региони достигнуваат и до 73 отсто, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика. Институцијата бара целосна надлежност за заштита на водниот сектор како еден од најранливите на последиците од климатските промени.

Македонскиот систем за водоснабдување во просек губи над 60 отсто од водата главно поради старата инфраструктура, нелегалните приклучоци и недостатокот на база на податоци за мрежата и приклучоците, наведува Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.

Водата е исклучително скапоцен ресурс, а овие загрижувачки податоци за загубите на води во земјава доаѓаат во време кога најновите извештаи во Европа го нагласуваат секторот за води како најранлив на климатските промени, особено откако 2023 беше прогласена за најтопла во историјата.

„Се соочуваме со фрапантна загуба на вода и се поблиску сме водата од чешма да ја замениме со флаширана вода“, вели Марко Бислимовски – претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси за Радио Слободна Европа.

Повеќе на РСЕ