Мандатарот Христијан Мицкоски до Собранието го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина работа. Очекува пред пратениците да биде ставен викендов на 22-23 јуни. „Граѓаните очекуваат брзи резултати за она што оваа влада го ветуваше дека ќе го испорача. Не ветувавме многу за време на кампањата, туку верувавме дека земјава ќе биде повторно на граѓаните. Изминативе седум години државата беше заробена од неколкумина властодршци“, рече Мицкоски.
Најави дека ќе води бескомпромисна борба со криминалот и нема да има толерирање, без разлика од која партија доаѓа злоупотребата. „Планираме да расчистиме со сомнежите и информациите кои последниов период стигаат до нас, за многу злоупотреби изминативе години. Очекувам брзи резултати во делот на економијата. Младите ќе бидат наш главен акцент – сведоци сме на класичен егзодус на млади кои ја напуштаат земјава. За жал 8/10 мои студенти кога ќе ги прашате за нивните планови по завршувањето на студиите, велат дека одлучиле да ја напуштат земјава. Таа перцепција треба да се промени, со напорна работа, без поделба од прв, втор и трет ред граѓани“, рече Мицкоски.
Повеќе на:dw.de









