Граѓани се принудени да се позајмуваат или да земаат кредит за да се оперираат приватно, бидејќи, продолжува кризата во хирушките клиники. Во меѓувреме, техничката влада ја интересираа само изборите. Њузлетер 14.06.2024

Кој има пари ќе се оперира
Дел од хируршките сали во Клинички центар „Мајка Тереза“ работат со надворешни компресори, односно, редуцирано, а тоа не го намалува драстично напливот од пациенти во болниците „8 септември“ и „Св.Наум Охридски“. Пациенти кои имале закажани операции, земаат кредити и бараат чаре во приватни клиники.
Таков е примерот на 75-годишниот скопјанец Р.М кој отишол на лекар поради гангрена на ногата. Откако се „прошетал“ низ шест клиники и на крај му понудиле термин за снимање по еден месец, неговото семејство побарало помош во приватна клиника.
Прегледите, снимањата и операцијата ги чинеле околу 7.000 евра.
„Никој не те прашува дали имаш да платиш или немаш. Со тоа што се оперира побрзо го изгуби само прстот. Инаку ќе останеше најмалку без стапалото“, вели член на неговото семејство за РСЕ. Слични судбини има многу.

Повеќе на РСЕ