Мандатарот Мицкоски планира неговата коалиција да предложи укинување на техничката влада, а СДСМ ќе го почекаат предлогот за да изградат став. Техничката влада нема политички капацитет и дојде време таа да замине во историјата, смета професорот Борче Давитковски. Доколку остане, последните законски измени ќе ја засегнат и идната техничка влада бидејќи кај две од петте клучни министерства ќе има промени на надлежностите.
Се бројат деновите до крајот на мандатот на третата техничка Влада во Северна Македонија. Владиниот кабинет на Талат Џафери, формиран сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, може да биде и последниот од таков тип ако се остварат најавите на новата власт за укинување на овој инструмент воведен во 2016 година.
Дел од аналитичарите сметаат дека времето за тоа е дојдено бидејќи земјава повеќе не е „заробена држава“ како што констатираше меѓународната заедница, но и затоа што ваквата техничка влада во пракса се покажува како нефункционална и често се злоупотребува за партиски поени. Кај политичките актери, пак, нејасно е дали има консензус за таа да се испрати во историјата.
Повеќе на РСЕ
