Речиси сите досегашните министри ги напуштија функциите бидејќи станаа пратеници, но Талат Џафери смета дека со тоа што ќе остане премиер и нема да оди на работа во Собранието не го прекршува законот. Антикорупционерите се јасни – не може да биде и пратеник и премиер. Функцијата на пратеник е неспојлива со ниту една друга, смета и поранешниот собраниски спикер Тито Петковски.
Министрите од СДСМ кои станаа пратеници ги напуштија министерските фотелји бидејќи не може паралелно да извршуваат две функции. Премиерот Талат Џафери, кој стана и пратеник, останува на Илинденска бр. 2 додека да биде избрана новата влада. Дотогаш, вели, нема да оди на работа во парламентот.
Засега, од министерските активности најверојатно не се повлекол и министерот за здравство Илир Демири.
Од Државната комисија за спречување за спречување корупција (ДКСК), пак, јасно порачаа дека оние кои добиле место во парламентот треба да се откажат од сите други функции, но освен да им изречат глоби, антикорупционерите ништо друго не може да направат.
Повеќе на РСЕ









