Нов парламентарен состав, нов спикер, позната е коалиционата нова влада, освен имињата на министрите. СДСМ тргнува во реорганизација и кандидатури на нов лидер. Во меѓувреме, крахира здравството, пациенти се борат за живот.
Бидна конститутивната седница на новиот состав на Парламентот. Нов спикер стана Африм Гаши. За него гласаа 76 пратеници, што го навестува и новото значително мнозинство во Собранието.
Во првото обраќање, Гаши истакна: „Иако сум заедно со ВРЕДИ, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидам дел од владиното мнозинство, јас како претседател на Собранието ќе дадам се од себе ниту еден пратеник да не се чувствува незастапен или не дај боже дискриминиран. Како претседател на Собранието ќе се погрижам нашето општество уште повеќе да напредува во делот на почитување на слободата на изразување“, изјави Гаши.
Претходно, пратениците од ДУИ и нивните коалициони партнери ја напуштија седницата, а пратениците од СДСМ беа неми посматрачи.
Изборот на Африм Гаши не го подржаа и пратениците од Левица, односно, во свој стил, остро критикуваа и толку.
Горе долу, се е договорено и околу новата коалициона влада и распределбата на министерските места, конкретните имиња на новите министри веројатно ќе бидат познати идната недела, кога се очекува и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ да го добие мандатот за состав на владата.
Повеќе на РСЕ










