Со 76 гласа „За“, шест против и без воздржани, новиот парламентарен состав го избра Африм Гаши од Алтернатива за нов претседател на Собранието. Тоа беше всушност и последната точка на денешниот дневен ред на конститутивната седница, на која им беа верификувани мандатите на новите народни избраници.

Гаши ја положи свечената заклетва пред пратениците и порача дека без разлика на тоа што доаѓа од партија која е дел од новото парламентарно мнозинство, тој како собраниски спикер ќе се залага сите да имаат исти права во Собранието.

„Иако сум тука со политичка, верска и етничка припадност, а и заедно со Вреди, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидам дел од владиното мнозинство, јас како претседател на Собранието ќе дадам се од себе ниту еден пратеник да се чувствува незастапен или не дај боже дискриминирам. Како претседател на Собранието ќе се погрижам нашето општество уште повеќе да напредува во делот на почитување на слободата на изразување“, изјави Гаши.

Извор:РСЕ