Иако и во Националната стратегија за спречување на корупција е наведено дека МОН треба да изготви подзаконски акти до 2022 година, досега нема никакви правила за за набавките во училиштата финансирани со пари од родителите. Центарот за граѓански комуникации проценува дека годишно на овој начин нетранспарентно се трошат 10 милиони евра.
Пари од родителите во училиштата најчесто се собираат за осигурување на учениците, за униформи, фотографирање, за ужина, па дури и за сапун и хигиенски производи. Овие набавки не влегуваат во законот за јавни набавки и нема јасно дефинирани правила за избор на најповолните понуди, па поради тоа се остава простор за корупција и злоупотреба на службената позиција во училиштата ширум Северна Македонија, покажува истражување на невладината организација – Центар за граѓански комуникации (ЦГК).
Инвентарот во училиштата и сите потребни средства за непречено одржување на настава се обезбедуваат преку пари од општините кои тие ги добиваат од Министерството за образование и наука. Но за тоа се распишуваат тендери.
Меѓутоа, проблематични се набавките во училиштата финансирани со пари од родителите кои не подлежат на законот за јавни набавки, а за кои Министерството нема донесено ниту посебни подзаконски акти или правилници за начинот на нивно спроведување.
Повеќе на РСЕ









