Ако се суди според предизборните ветувања на политичките партии и нивните програми, Северна Македонија ќе стане идеална држава. Но, дали сите ветувања се реални и што е идеална држава? Њузлетер 03.05.2024
Според Платон, „сите луѓе не се еднакво способни за истите задачи. Затоа е неопходно во државата да постојат повеќе сталежи. Во неговата идеална држава, Платон луѓето ги дели во три сталежи: владетели (филозофи), чувари (војници) и третиот сталеж го сочинуваат селаните, работниците, занаетчиите, трговците. Третиот сталеж ја задржува својата приватна сопственост и произведува за целото општество, а еден дел од своите производи бесплатно го дава на службениците, чуварите и владетелите. Овој сталеж треба да биде исклучен од политичкиот живот и владеењето бидејќи за тоа не е способен.“
Дали партиите пред избори ветуваат подобар живот за сите граѓани, а по избори се однесуваат според теоријата на Платон?
Држава во која трговијата со крипто-валутите е легална, граѓаните и туристите може да се релаксираат играјќи голф или хокеј, а номадите „копнеат“ да живеат овде и тоа ќе им биде олеснето со специјални визи. Во земја во која учениците ги немаат сите учебници, најава дека училишта ќе ја користат вештачката интелигенција.
Ова се дел од трансформациите што би ги доживеала Северна Македонија за четири години од сега ако им се верува на партиските програми за парламентарните избори закажани за 8 мај.
Но, изгледа дека ретко кој ги чита изборните програми, а уште помалку им верува на ветувањата, па дел од политичките партии на овие избори не ги ни отпечатија, туку ги имаат само онлајн.
Економијата – растот на платите и пензиите и подобриот животен стандард, борбата против корупцијата, евроинтеграциите и зачувувањето на националниот идентитет, функционалната администрација се темите кои се во фокусот на кампањата.
Повеќе на РСЕ










