Фрлање лопата за изградба нa училиште, средби со граѓани, посети на училишта во придружба на сопартијци од ДУИ е честа слика што ја покажуваат владините фотографии во изминативе два ипол месеци владеење на техничкиот премиер Талат Џафери. Каде е границата меѓу владин и партиски претставник во законот за Влада не е прецизирано
Tехничкиот премиер Талат Џафери роденденот го прослави во кругот на семејството во просториите на Владата. На честито во Владата поминаа првиот вицепремиер Бојан Маричиќ, министрите за финансии Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши и за здравство Илир Демир.
Краткото видео од роденденското изненадување е објавено на неговата официјална фан страницата на социјалната мрежа Фејсбук која за насловна слика ја има рекламата на претседателскиот кандидат на коалицијата „ Европски фронт “ Бујар Османи и редниот број 4.
Во постовите на фан страницата на премиерот има ред фотографии и видеа од говори на митинзи за политичката кампања за претседателските избори, па ред фотографии и објави за средби на премиерот со амбасадори и странски дипломати.
Се наметнува прашањето дали Џафери како владин претставник на социјалните мрежи им се обраќа на граѓаните како технички премиер или како кандидат за пратеник на коалицијата „Европски фронт“, или, пак, како поддржувач на претседателскиот кандидат Бујар Османи.
Повеќе на РСЕ










