Започнува предизборната борба за парламентарните избори. Во трката за гласањето на 8 мај влегуваат 17 партии, а за прв пат се поклопуваат две изборни кампањи. Шансите на помалите партии се мали, па затоа некои од нив влегуваат во предизборни коалиции со големите, оценуваат политички аналитичари. Има и такви кои сакаат да ги раситнат гласовите

Партиите денеска стартуваат со официјалната кампањата за парламентарните избори на 8 мај 2024 година, кои ќе бидат 11-ти по ред од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.

Вкупно 17 партии во следните 20 дена пред гласачите ќе ги претставуваат своите идеологии, амбиции и аспирации, откако Државната изборна комисија (ДИК) ги прифати нивните листи со кандидати за пратеници во Собранието.

За прв пат кампањата за парламентарните избори ќе се одвива паралелно со кампањата за претседателските избори којашто започна на 4 април, а треба да заврши на 22 април со настапување на 48-часовниот молк. Со тоа, за време на молкот за претседателските избори, и натаму ќе се одвива кампањата за парламентарните.

Државната изборна комисија неодамна ваквата ситуација ја опиша како „уникатна и единствена досега“.

Повеќе на РСЕ