Засега, покрај од ОБСЕ, од странски држави се акредитирале 36 набљудувачи, иако бројот ќе расте со оглед дека не се истечени роковите. Од домашни, пак, досега се акредитирале само 29 од Центарот за безбедносни истражувања во споредба со минатите избори кога имало над 3.000 домашни набљудувачи.

Амбасадите на Холандија, Албанија, Унгарија, Државната изборна комисија на Црна Гора и Централната на Косово, се дел од досега акредитираните странски набљудувачи на претстојните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија.

На списокот се и претставници на Центарот за континуирани обуки во изборите од Молдавија, како и канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи – ИФЕС во земјава.

Бројот на странски набљудувачи од овие организации и земји кои добиле акредитација од Државната изборна комисија (ДИК) заклучно со 11 април изнесува 36.

Повеќе на РСЕ