Каква кампања се очекува за претстојните избори? Фер каква што ветуваат политичарите или „валкана“ каква што веќе започнаа нивните ботови. Според аналитичарите, како и на претходните изборни процеси така и на овие се очекува главно штетни наративи, надополнети со црна кампања за противникот.

Етичкиот кодекс за однесување во кампањата кој започна вчера за избор на претседател на државата го потпишаа шестмина од седумтемина кандидати. Единствено кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски не го потпиша бидејќи веќе се чувствувал дискриминиран, но рече ќе го почитува. Останатите меѓу другото се обврзаа:

„ Нема да користат говор на омраза и нема да вршат никаква дискриминација и омаловажување врз основа на пол преку своето делување и со своите активности ќе учествуваат во зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и придонесуваат за градењето на довербата во изборниот систем“, пишува во кодексот.

Пред стартот на кампањата и за „Парламентарните избори 2024’ се очекува на истото да се обврзат и политичките партии.

Но, според оценката на Институтот за комуникациски студии (ИКС) кој веќе неколку месеци врши мониторинг на нивните сајтови и Фејсбук профили штетните наративи веќе доминираат.

Во извештајот за јануари и февруари се вели дека со наближувањето на датумот на избори зачестено користат остар јазик со емотивен набој, а најголемите партии се и најголеми сејачи на токсични наративи.

Повеќе на РСЕ