Националистички лидери, според американските разунавачи, може да ги влошат тензиите на Западен Балкан. Во моментов, институциите во Северна Македонија оценуваат дека ситуацијата е стабилна – анализите покажуваат дека нема опасност од меѓуетничко насилство во земјава, а за настаните од регионот засега нема опасост дека ќе се прелеат.

Безбедносната состојба во Северна Македонија е стабилна. Ваков е заедничкиот заклучок на политичко-безбедносниот врв во државата откако американската разузнавачка заедница во својот последен извештај процени дека во 2024 година „Западен Балкан веројатно ќе се соочи со зголемен ризик од локализирано меѓуетничко насилство“.

За дел од безбедносните експерти, потрес на овој план не е очекуван во земјава, но не е ни невозможен. Сепак, некои од нив порачуваат дека состојбите во регионален контекст треба будно да се следат и да се прават објективни проценки.

Она на што предупредуваат американските разузнавачи кога е во прашање балканскиот регион се националистичките лидери, но и надворешните актери.

„Националистичките лидери веројатно ќе ја влошат тензијата заради нивната политичка предност, а надворешните актери ќе ги зајакнат и искористат етничките разлики за да го зголемат или заштитат нивното регионално влијание или да спречат поголема балканска интеграција во ЕУ или евроатлантските институции“, пишува во годишниот извештај за глобалните закани на Разузнавачката заедница на САД објавен минатиот месец.

Покрај за проценките за безбедносната состојба во Северна Македонија, ваквиот извештај го наметнува и прашањето колку евентуалните тензии од регионот можат да се прелеат и на македонско тло.

Пендаровски: Нема опасност од прелевање настани од регионот

Содржината на документот од американските разузнавачи им е позната на институциите од државниот врв. Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски велат дека се запознаени со извештајот со оглед дека „ги следат различните меѓународни извештаи за состојбите во регионот, покрај тековната размена на информации во рамки на НАТО“.

Повеќе на РСЕ