Министрите во промотивни видеа загрозија лични податоци на граѓаните

by Administrator

Матични броеви, фотографии, броеви на лични карти покажани во видеа објавени од министри. МНР вели дека ги коригирале пропустите, а МВР тврди дека е целосно посветено на заштитата на податоците. Молк од Владата, пак, објави лични податоци на 500 граѓани во „Службен весник“. Агенцијата за заштита на личните податоци констатираше прекршоци кај Владата, а за објавите на министрите ќе прави супервизија.

По хаосот кој настана со издавањето лични документи и мобилизацијата и реорганизацијата што потоа ја најавија надлежните институции, дел од функционерите преку видеа и фотографии на социјалните мрежи изминатите денови покажаа како „течно“ сега се одвива процесот.

Видеа објавени на официјалната Фејсбук страница на шефот на дипломатијата Бујар Османи овековечија како тече фотографирањето и издавањето пасоши во амбасадите Брисел, Берн, Виена, како и во конзуларните претставништва во Минхен, Бон, Венеција.

Преку објави на официјалните страници на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и на неговиот дополнителен заменик Митко Бојмацалиев, пак, можеше да се види како се работи во управните служби во зградата на МТВ, на пунктот во полициската станица „Пролет“…

Повеќе на РСЕ

You may also like