Во ЕВН уште пристигнуваат жалби од граѓаните, а во Регулаторна пристигнале 30 поплаки заради високи јануарски сметки за струја. Поскапување нема, велат од Регулаторна, а според ЕВН потрошувачката е зголемена. Граѓаните се жалат дека за исто количество потрошена струја добиле многу повисоки сметки.

Јануарските сметки се со ново покачување, се жалат дел од граѓаните. Потрошувачите со кои разговаравме велат дека во споредба со последните два месеци од минатата година, во јануарските сметки имаат значително повисоки суми, иако тврдат дека потрошувачката речиси не им се зголемила.

Според објаснувањето од Регулаторната комисија (РКЕ), за месец јануари дополнителен трошок во сметките за струја е само новата ставка – „пристап до мрежа“, која изнесува 200 денари, односно 236 денари со вклучен ДДВ.

Јануарска смета за струја
Јануарска смета за струја

Повеќе на:РСЕ