УЈП се сомнева дека преку намерно создадена мрежа нафтени компании се обиделе да ја оштетат државата и да си наплатат ДДВ од 2,6 милиони евра. Управата тоа го спречила, тврди директорката. Претходно од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека милиони се испумпани од државата со фиктивни фактури. Компаниите немале лиценци, смениле сопствеништво и немале бензински пумпи.

Нафтени компании преку лажни фактури сакале да ја оштетат државата за речиси три милиони евра преку наплата на поврат на Данок на додадена вредност (ДДВ) и на Данок на личен доход. Ако им успеал планот, од државата ќе наплателе 2,6 милиони евра од ДДВ и околу 309 илјади евра од данок на личен доход.

Од Управата за јавни приходи (УЈП) на 15 јануари на брифинг со новинари презентираа детали за тоа како компаниите сакале да испумпаат пари од државната каса.

Од УЈП велат дека спровеле контроли кај три фирми трговци со нафта на големо и мало и кај пет фирми добавувачи на нафта и спречиле преку фиктивни документи тие да си наплатат поврат на данок.

Повеќе на РСЕ