Населението во државата ќе старее – ќе имаме повеќе пензионери, а помалку работоспособно население. Пензискиот фонд, пак, и денес нема доволно приходни за да исплатат пензии, што го прави зависен од државниот буџет. Кај дел од граѓаните, стравот е веќе присутен дали воопшто ќе дочекаат пензија од државата која, пак, најавува дека насокоро ќе донесе 20-годишна развојна стратегија.
Децата родени 2005, кои годинава станаа полнолетни, кога ќе наполнат 65 години ќе влезат во старосната група која се предвидува дека тогаш ќе биде најбројна во Северна Македонија. Сега, пак, оваа група граѓани (65+) гледано е најмалубројна во однос на вкупното население.
Според проекциите што ги објави Заводот за статистика на 15 декември, населението во земјава во наредните децении константно ќе старее, што го наметнува прашањето – ќе го издржи ли пензискиот фонд таквиот товар? И со актуелната демографска слика, фондот нема доволно приходи за да ги покрие расходите што ги има за пензии, здравствено осигурување за пензионерите, трансфери до вториот пензиски столб и инвалиднина. Тоа, како што констатираа и ревизорите во својот последен извештај, се надополнува со трансфери од државниот буџет кои, на пример, во 2021 биле во висина од речиси половина милион евра.
„Ќе дочекаме ли пензија“
И кај дел од граѓанит стравот дали ќе дочекаат пензија е присутен.
„Нормално дека се плашам, годините не се само бројка а пензијата каква таква, е гаранција дека ќе имам колку толку безгрижна старост. Но, доколку пропадне фондот, како ќе преживеам? Децата сигурно нема да ме хранат, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме најверојатно ќе си заминат од земјава, бидејќи овде за нив нема иднина“, вели 40-годишната скопјанка Даниела Т.
Повеќе на РСЕ










