За опозицијата скандал, властите уверуваат нема нелегално следење

by Administrator

Нема потврда, ниту демант од институциите за набавка на нов софтвер за следење на комуникациите. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во нелегално прислушување. Судската власт и ОТА велат се држат до законот, а според експертите злоупотреба не е можна од ОТА, но може ако опремата се инсталира во друга институција

Неколку разузнавачки афери и постојано сомнежи и политички прозивки за нелегално следење на комуникациите ги одбележа изминативе околу три децении самостојност на државата. Темата која не губи на актуелност кај домашната јавност изминативе денови повторно е предмет на обвинувања меѓу власта и опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ обвинува за „ултра скандалозна набавка“ на систем за следење на интернет, институциите, пак, уверуваат дека не се постапува надвор од законските прописи.

Ваквите прашања и сомнежи, пак, според универзитетскиот професор Злате Димовски од Факултет за безбедност, треба да се решава институционално, а не во јавна дебата.

„Во последно време сведоци сме дека се наметнува една фама дека наводно се набавени некакви си технички уреди за кои дури и се тврди дека наводно во Комисијата за контрола на следењето на комуникациите едноставно утврдиле дека има направено таква набавка. И не знам зошто би се кревала фама во граѓанството кога сето тоа може да оди преку Комисијата до соодветните институции поточно до обвинителството и оттаму да се покрене соодветна постапка, да се потврди или да се негира тоа што се шири како фама“, вели Димовски за Радио Слободна Европа (РСЕ).

Повеќе на РСЕ

You may also like