Шефот на државата Пендаровски не размислува за нов претседателски мандат. На новинарско прашање, денеска , дали размислува да влезе во трката за втор мандат, одговори – кратко, негативно, без објаснувања и детали.
-Претседателе, размислувате ли за втор претседателски мандат?
-НЕ, рече Стево Пендаровски претседател на Македонија.
По отсечната изјава на шефот на државата, од неговиот кабинетот за ТВ24 сепак дообјаснија. Велат дека е премногу рано да се каже и дека се зависи од поддршката на граѓаните и на партиите.
Прашање е дали оваа изјава на Пендаровски предизвика мал политички потрес во владејачката коалиција, со оглед на тоа дека, како што објави веќе ТВ 24, Пендаровски важи за еден од фаворитите за претседател, кој би бил поддржан и од ДУИ.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, на партискиот ИК одлучи дека тие ќе го соопштеат својот кандидат на 2 март на конвенција.
– ИК донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негов заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски. Почната е и подготовката за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, чиј избор традиционално ќе биде направен на Изборната конвенција која што ќе се случи на 2 март во Скопје, рече Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ.
Во трка за претсетателски кандидат се лицитира со многу имиња. Кај ВМРО-ДПМНЕ според последните информации, кругот е стеснет на 10 имиња, меѓу кои има луѓе и кои не се партиски членови. Сепак, името на професорката Гордана Силјановска останува едно од најекспонираните.
Можна кандидатура за претседатеслки кандидат најави и претседателот на ГРОМ Јакимовки.
Претседателските и парламентарните избори според договорот на лидерската средба ќе се оддржат на 8мај, а партиите веќе започнаа со групирања. Од владејачкиот фронт најавуваат можен заеднички настап во името на евроинтеграциите .
– Во Северна Македонија следат најважните избори во последните 15 години. Ние се бориме да ја спасиме нашата држава од популизам и корупцијата, за што сум убеден дека ќе ја понесеме победата. Убедени сме дека социјалдемократите во Северна Македонија ќе се обединат со проевропските сили во државата и ќе победиме на следните избори, вели Бојан Маричиќ вицепремир за европски прашања.
Засега официјални се само најавите за кандидатура на професорот Вело Марковски и професорот Јове Кекеновски. Албанската опозициска тројка Меџити, Касами и Гаши порачаа дека ќе настапат со свој кандидат за шеф на државата.
Извор:24.mk










