Таткото на Вања на распит и се бара притвор, потрага по избеганиот убиец и три признанија на вина, е епилогот од двете убиства кои ја вознемирија македонската јавност. Се бара доживотен затвор за луѓето кои ја грабнале и убиле Вања, а пред тоа за 500 евра го убиле велешанецот Жежовски.

Траорна е атмосферата пред училиштето каде учеше 14 годишната Вања Ѓорчевска откако нејзините соученици и професори ја слушнаа страшната вест, дека таа е жртва на криминална група. Прерано одземениот живот на тинејџерката не ги остави рамнодушни ниту оние кои се надеваа дека сепак случајот со исчезнатото девојче ќе има позитивен исход. Јавноста денеска слушна повеќе детали за се што се случувало, но се уште „Зошто“ е најупотребуваниот прашален збор.

Повеќе на РСЕ