СДСМ и ДУИ се блиску до договор за настап на заеднички листи пред парламентарните избори, но конечен договор нема. Во дилема дали да им се придружи е и третата партија во владејачката коалиција, Алијанса за Албанците. Во опозицискиот блок ситуацијата е појасна. Извесни се двојни избори на 8 мај.

Почна лицитирањето меѓу партиите за тоа кој со кого би се здружил пред изборите напролет. Додека се поизвесно е дека на истиот датум, 8 мај, ќе се одржат и претседателски и парламентарни избори, а техничка влада би се формирала на 27 јануари, сепак уште се тактизира кои партии со заедничка листа ќе ја бараат довербата од гласачите.

Партиите се поделија во два блока – на едната страна се владејачките СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците кои навестуваат, но не кажуваат децидно дали би настапиле на заедничка листа на изборите за пратеници. На другата страна се опозициските партии на Албанците (Демократското движење на Изет Меџити, Беса на Билал Касами и Алтернатива на Африм Гаши) кои веќе е обединија под заедничкиот назив – Европски сојуз за промени и опозициската ВМРО-ДПМНЕ која настапува самостојно.

Повеќе на:РСЕ