Опасниот отпад од стотици тони олово од топени акумулаторисо откриен во скопската населба Ѓорче Петров е сличен на отпадот од топилницата во Велес каде има складирано 3 милиони тони ваков отпад. Надлежните уште собираат докази за одговорност на една фирма и физички лица во чија сопственост била парцелата каде што се складирал.
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) утврдува дали фирмата Рецикл-Еко Старт е одговорна за депонирање на стотици тони опасен отпад од преработка на акумулатори на земјиште во селото Орман во скопската Општина Ѓорче Петров, вели за Радио Слободна Европа директорот на ДИЖС Сретен Стојковски.
Сегашните информации на инспекторите покажале дека опасниот отпад бил складиран на парцели во сопственост на жители на село Желино кои немале поврзаност со фирмата, додава Стојковски. Ако се докаже потеклото на отпадот, Инспекторатот може да поднесе кривични пријави за фирмата, додека физичките лица може да се соочат со кривична или со прекршочна пријава.
„Одговорноста може да биде кривична во зависност од големината на субјектот. Ако загадувањето е од големи размери со опасен отпад, може да се отвори кривична постапка. Казните за фирмата можат да бидат максимум до 98.000 евра во зависност од големината на компанијата за дело постапување спротивно на правилата за управување со отпад“, вели Стојковски.
Повеќе на РСЕ









