Од здруженијата на пациенти предупредуваат дека опасно се спушта возрасната граница за болести за кои порано се мислело дека ги добиваат луѓе во поодмината возраст. Лекарите велат дека причини има многу, а една од нив е побрзата дијагностика поради што болестите порано се откриваат
Само осум години има најмладиот пациент со мултипла склероза(МС), дијагностициран на Универзитетската клиника за неврологија. Најмалиот пациент со јувенилен артритис е деветмесечно бебе. Канцер на дојка се добива и на 16 години.
Ова се податоци од здруженијата на пациенти, кои предупредуваат – опасно се спушта возрасната граница за болести за кои порано се мислело дека ги добиваат исклучиво луѓе во поодмината возраст.
Повеќе на РСЕ










