Граѓанската и зелената обврзница се актрактивни за граѓаните, можеби најмногу поради каматната стапка, што е далеку повисока доколку би штеделе во банка. Тоа што нема ограничување колку обврзници може да купи еден клиент го отвора прашањето дали на тој начин може да се „перат“ пари?

Октомври е месец на штедењето. Граѓаните може да штедат во банки, штедилници, да купат акции, хартии од вредност, осигурителни полиси, а од годинава може да штедат и кај државата. Владата оваа година промовираше нови инструменти – граѓанска и зелена обврзница.

Аукцијата за првиот дел од граѓанската се одржа во јули, а месецов се очекува и втората емисија, велат од Министерството за финансии.

Зелената обврзница, пак, беше издадена на почетокот на месецот. И за едната и за другата имаше голем интерес. Државата иако планираше кај граѓаните да се задолжи со 10 милиони евра, се задолжи со 23 милиони евра. Граѓанска обврзница купиле 1283 граѓани.

Во просек тоа се по 110 обврзници по купувач. Една обврзница чинеше 10 илјади денари или нешто повеќе од 160 евра. Еден граѓанин можеше да купи најмалку една обврзница, а горен лимит нема. Обврзницата е двегодишна, со камата од пет отсто годишно.

Повеќе на РСЕ