Владата одлучи да отвори 8 нови национални установи годинава, додека во јавноста тврди дека работи на проект за реорганизација и намалување на бројот на институции. Во изминативе осум години пак се отворени 74 нови институции, покажуваат извештаите на Министерството за информатичко општество.
Под капата на Министерството за култура година се отворени седум нови национални установи за кои министерката за култура Бисерка Костадиновска Стојчевска ќе треба да назначи в.д. директори и членови на управни одбори, да одвои имот за да се сместат и пари од буџетот.
Станува збор за установите „Десет дена Крушевска Република“, „Галерија на Гостивар“, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“, Оркестар за Џез музика и Камерен оркестар на Битола, Музички ансамбл – Тетово и Центар за култура на турската заедница.
Дополнително минатиот месец Владата одлучи да се формира и Државен студентски дом во Тетово со 300 легла, за чие финансирање ќе треба да се грижи Министерството за образование.
Овие одлуки доаѓаат во време кога власта со години тврди дека работи на проект за реорганизација на државата управа со кој треба да се намали бројот на институции, особено на тие на кои им се поклопуваат надлежностите.
„Воведување на посебна постапка за претходна проценка на потребата за креирање на нови тела со цел да се ублажи ризикот од „неоправдан брз и ненадеен пораст“ на нови органи“, е наведено во годишната програма на Владата за 2023 година.
Повеќе на РСЕ







