Дали државата издаваше лични документи со неуставното име по промената на името во 2019 година? Зошто за промената на важечки документи граѓаните сами ги плаќаат трошоците? Ова се прашањата за кои нема одговор од институциите, а рокот до 12 февруари за промена на документите со новото име тече.

Уставните измени за промена на името во Северна Македонија во Собранието поминаа на 11 јануари 2019, по што се очекуваше и да се започне со издавање на лични документи со новото име, а рокот согласно Преспанскиот договор со Грција за оваа обврска истекува на 12 февруари 2024 година, до кога и сите граѓани ќе мора да ги извршат овие промени.

Во периодот пак по 11 јануари 2019 година се до август 2021 година државата продолжи да издава пасоши со „Република Македонија“, наместо со новото име „Република Северна Македонија“.

Токму во тој период, односно на 4 април 2021 година лична карта со старото име на државата му била издадена на Атанасиј Методијевски Карадакоски, кој за РСЕ вели дека сега е принуден повторно да врши промена на личната карта за да добие нов важечки документ и по февруари 2024.

Повеќе на РСЕ