Њузлетер 07.07.2023 – Колку пари добија политичките партии од буџетот на државата? Кој може да ги истражи стекнатите имоти на врвните политичари и нивните блиски? Градежни работи на автопатишта во ек на туристичка сезона.
Политичките партии, кои, според Законот за финансирање на партии, освоиле барем 1% гласови од вкупно излезените гласачи, и годинава ги добија парите од буџетот. Според истиот закон, овие партии не добиваат исто пари бидејќи оние кои освоиле повеќе гласови на последни избори, пропорционално добиваат и поголем дел од колачот. Па, така, најмногу се офајдија најголемите партии: ВМРО ДПМНЕ – 1. 491. 000 евра, СДСМ – 1. 323.000 евра и ДУИ – 677.800 евра.
Пари од државниот буџет се исплатени и на оние партии кои себе се декларираат како „мали“, но сепак имаат свои претставници во властите. Такви се на пример ПОДЕМ на Живко Јанкуловски со околу 100 илјади евра,, Нова социјалдемократска партија на Горан Мисовски со 60 илјади евра, ДОМ на Маја Морачанин со исплата од 47 илјади евра и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов кој за годинава има исплата од државниот буџет од 40 илјади евра.
Одвреме навреме се појавува по некој предлог за намалување на средствата кои се издвојуваат од државниот буџет за политичките партии, но, се разбира, тоа не им одговара главно на партиите, кои се најбогати, а истите имаат моќ да одлучуваат.

Повеќе на РСЕ








