Државата ќе се задолжува кај граѓаните, а за возврат тие ќе добијат поголема камата отколку што би добиле ако штедат во банките. На тој начин добива и државата, оти ако се задолжува со други обрзници ќе плаќа повисока камата. Опозицијата се сомнева дека може на ваков начин да се перат пари.

Ако имате 10 илјади денари вишок и сакате да ги заштедите можете да и ги дадете на државата на чување.

Министерството за финансии промовира граѓанска обврзница со каматна стапка од 5 отсто годишно. Тоа значи дека наместо да се задолжува во банки, дома и во странство, државата ќе се задолжува кај граѓаните, а за тоа ќе им плати повисока камата, отколку што би добиле доколку би штеделе во банка. На ваков начин добива и државата, бидејќи ако се задолжува со друг вид на обврзница ќе треба да плати повисока камата.

На пример во март годинава државата се задолжи со евробврзница од 600 милиони евра за која треба да плаќа камата од 6,96 отсто.

Колку пари ќе добиете ако штедите кај државата?

Ако купите двегодишна граѓанска обврзница од 10 илјади денари, првата година ќе добиете камата од 500 денари, и втората година уште 500 денари.

На крајот на втората година ќе имате 11 илјади денари, односно заработка од 1000 денари.

Повеќе на РСЕ