39-годишната пациентка откако родила здраво дете и вчера во текот на ноќта преку прозорецот во ходникот скокнала од првиот кат, денеска е во многу критична состојба на КАРИЛ. Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство вели дека по породувањето кај пацинетката не биле забележани сериозни промени, освен што била лесно вознемирена и не сакала да го дои бебето.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство потенцираат дека во никој случај не се за тоа да се стават решетки на самите прозорци во клиниката бидејќи пациентите не се затвореници.

Организациониот директор на клиниката, Јетон Шаќири, вели дека во петокот, пациентката се пожалила на вознемиреност, по што разговарала со клинички психолог. Во текот на вчерашниот ден на утринската визита пациентката се пожалила на слична симптоми како и во петокот, при што дежурните лекари извршиле разговор со неа и дадена е соодветна терапија и донесена е одлука, за подобра проценка на состојбата пред напуштање на клиниката да се повика психијатар. Директорката додаде дека ова не е прв ваков случај пациентките да бидат лесно вознемирени и да не сакаат да ги дојат бебињата.