Која и каква Влада ќе ги предложи уставните измени за вметнување на Бугарите во Преамбулата и дали прво ќе се донесат во Собрание уставни измени или ќе има предвремени избори се клучните прашања по вчерашната лидерска средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Брзиот позитивен одговор на Демократската унија за интеграција( ДУИ) на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за широка владина коалиција без ДУИ во замена за гласање на уставни измени го крена политичкиот влог на „покерската маса“ за предвремени избори.

По лидерската средба меѓу претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски на која беа разгледувани неколку предлози, може да се заклучи дека согласност за внесување на Бугарите во преамбулата има. Но, сега се отвара прашањето која и каква Влада ќе ги донесе уставните измени, како и прашањето дали прво ќе има уставни измени или предвремени избори.

За донесување на уставни измени во Собранието е потребно двотретинско мнозинство во 120- члениот Парламент кое актуелното владејачко мнозинство сега го нема.

Трите најголеми партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имаат секоја различно сценарио како да се одвива усвојувањето на уставните измени и нивно стапување на сила и одржувањето на избори.

Повеќе на РСЕ