По скоро две години, завршница доби судскиот процес за пожарот во тетовскиот Ковид центар, во кој загинаа 14 луѓе. Двајцата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Етеми и Бесими, добија условни казни затвор, а докторот Вучевски доби ослободителна пресуда. Клиничката болница во Тетово треба да плати парична казна од еден милион денари.
Условни казни добија поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми, кои беа обвинети за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој во 2021 година загинаа 12 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19 и уште двајца посетитиели. Докторот Бобан Вучевски е ослободен од вина, а на Клиничката болница во Тетово ѝ е изречна парична казна од еден милион денари.
Судијата Јордан Велковски денеска во Судот во Тетово рече дека обвинетите предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата кога избувнал пожарот, посочувајќи дека директорите Бесими и Етеми се осудени на казна затвор од по една година и шест месеци, но дека им се изрекува условна пресуда.
„Утврдената казна нема да се изврши ако во рок од три години не сторат ново кривично дело“, рече судијата Велковски.
Повеќе на РСЕ









