Во Северна Македонија заврши гласањето за изборите во Туркије закажани за 14 мај

by Administrator

Во Северна Македонија заврши процесот на предвремено гласање за претседател и 28. состав на турскиот Парламент за турските државјани што престојуваат или работат во земјата. Претседателските и парламентарните избори во Туркије ќе се одржат на 14 мај, известува Анадолу.

Турските државјани со право на глас од 5 мај до денес, 7 мај, од 9:00 до 21:00 часот гласаа во амбасадата на Туркије во Скопје.

Процедурите за гласање во 21 часот по локално време завршија и во Албанија и Косово.

Според податоците на Врховниот избирачки одбор, во Северна Македонија се запишани 4.107 гласачи, во Албанија 1.416, а во Косово 2.192 гласачи.

You may also like