Актуелниот амбасадор на САД во Србија и поранешниот во земјава, Кристофер Хил вели дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и дека процесот за остварување на таа цел е одговорност на политичките лидери тука. Според него отворените прашања во регионот треба да се решаваат на мирен начин, бидејќи последиците ги чувствуваат сите други
Пораки за поголема соработка меѓу земјите од Западен Балкан, потреба од справување со корупцијата и водење подобри економски политики, испрати денеска Кристофер Хил, актуелниот американски амбасадор во Србија и поранешен амбасадор во нашата држава. На конференцијата за „Регионални безбедносни предизвици и неодамнешни случувања во земјите од Западен Балкан“ организирана од Претседателскиот центар за политичко образование, Хил одговараше на прашањата на студентите на Алумни школата за политики.
Како добар и искусен познавач на состојбите во регионот, американскиот дипломат и Хил зборуваше за дијалогот Косово-Србија укажувајќи на тоа дека евентуалното продолжување на тензиите помеѓу Косово и Србија ќе бидат штетни за целиот регион. Истакна дека дијалогот е тежок процес и иако како што рече, „тонот“ меѓу засегнатите страни не му се допаѓа. Сепак ги поздрави напорите на медијаторите и порача дека двете страни мора да продолжат да разговараат.
„Мислам дека овие тензии и конфликтот влијаат врз сите земји во регионот и она што би сакал да видам е некакво подобрување или барем намалување на тензиите. Сметам дека „Отворен Балкан“ е нешто позитивно што може да даде резултати“, рече Хил.
Токму иницијативата „Отворен Балкан“, но и други слични регионални иницијативи кои, според најавите, треба да ја подобрат соработката меѓу земјите од регионот и да го олеснат протокот на луѓе и стоки, ги истакна како исклучително важни.
Повеќе на РСЕ








